СДСМ : ГЛАС ЗА ДПМНЕ И СИЛЈАНОВСКА Е ГЛАС ЗА ВРАЌАЊЕ НАЗАД И ОДДАЛЕЧУВАЊЕ ОД ЕУ

0
134
Гласот за ДПМНЕ и Силјановска на претстојните избори е глас за изолација и оддалечување од ЕУ.
Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата режимска партија со која е можно само враќање назад, во изолација и режим, далеку од ЕУ.
Силјановска нема програма, нема понуда, ниту план за иднината. Силјановска е реприза на Ѓорѓе Иванов, партиски послушник, продолжена рака на Белата палата.
Таа нема поддршка од граѓаните, што се потврди кога не успеа да собере доволно потписи за поднесување кандидатура за претседател.
Граѓаните сакаат напред, сакаат членство во ЕУ, повисок животен стандард, поголеми плати и пензии, сакаат да живеат во европска Македонија.
Затоа, на изборите ќе го дадат својот глас за европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.