(ВИДЕО)Прво телевизиско соочување на режимот и опозицијата: Жесток дуел помеѓу министерот и заменик министерот за земјоделство

0
1465

225939

Каде завршуваат парите за субвенции, но и државното земјоделско земјиште. Жестока дебата меѓу власта и опозицијата за распределбата на субвенциите и земјоделското земјиште. Дебатата меѓу министерот за земјоделство Михаил Цветков и дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски е прво телевизиско соочување после долги години а се случи во емисијата „Економски магазин“ на Алсат М телевизија.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Крсто Муковски, членови на потесните семејства на Зоран Шалев и Кирил Шошев кои се блиски на партијата на власт, се само дел од имињата што добиле државно земјоделско земјиште, обелодени дополнителниот заменик- министер за земјоделство Љупчо Николовски во емисијата “Економски магазин“. Министерот Михаил Цветков пак возврати дека договорите се потпишуваат законски, а не по партиски клуч.

„Мислам дека ВМРО згрешиле кога дополнителниот заменик министер го нарекле Колумбо, јас би го нарекол Шерлок Холмс, подобро ќе му стои, изјави Михаил Цветков, министер за земјоделство

„Вие како сакате наречете ме мене министре, но јас ќе работам во интерес на земјоделците., “Љупчо Николовскидополнителен заменик министер за земјоделие

„Имаме ние потпишано 7.000 договори и со закон не може да ги дискредитираме луѓето кои се членови на ВМРО или на Социјалистичќка партија или на СДСМ?, изјави  Михаил Цветков, министер за земјоделство

Николовски, посочи и дека ЗК Пелагонија, добила три милиони евра субвенции од државата, за само неколку години.

ТОН: Љупчо Николовски, дополнителен заменик-министер за земјоделство

„Дали верувате преку ова министерство огромни суми пари зас убвенции одат кај луѓе блиски на власта. 2011 одина, ЗК Пелагонија, фирмата во која е Орце Камчев, има добиено на 1 милион и 386 илјади субвенции. Истата фирма на Орце Камчев, близок на власта во 2012 година има добиено 1 милиони 158 илјади евра, а во 2013 година има добиено приближно 1 милион евра“

На ова реагираа од ЗК Пелагонија со став дека тие имаат 17.467 хектари државно земјоделско земјиште за што плаќаат закуп од 690 илјади евра. А во однос  субвенциите посочуваат дека : 

Демант – ЗК ПЕЛАГОНИЈА

„-За 2014 година на ЗК Пелагонија ад Битола исплатени се субвенции за растителното производство во износ 566.000 евра.

-Заради тоа што во закуп користи 17.467 хектари државно земјоделско земјиште, субвенциите на ЗК Пелагонија по обработлива земјоделска површина над 100 хектари се исплаќаат во висина од 10% од износот на утврдените субвенции по хектар.
– Напоменуваме дека за 2015 година ЗК Пелагонија сеуште нема добиено субвенции“,

стои во реакцијата на ЗК Пелагонија.

Жестоката дебата меѓу Цветко и Николовски е прво телевизиско соочување на власта и опозцијата после долги години.