Рилковски: Вонредната седница на ДИК после „бомбата“ во вторник

0
942

nikola-rilkovski-pretsedatel-na-DIK-1

Актуелниот претседател на Државната изборна комисија, Никола Рилквоски, во изјава за „Слободен печат“, вели дека нема да ги игнорира информациите што ги објавува опозицијата, а се однесуваат на изборните нерегуларности, но став и како гласач и како претседател на ДИК ќе заземе после вторник, за кога е најавена уште една прескоференција на која лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека ќе ги соопшти најскандалозните информации што ги имаат на тема избори.

– Секако дека Државната изборна комисија ќе ги разгледуваа овие информации, но да почекаме да чуеме се што има опозицијата да каже, а потоа ќе свикам седница – вели Рилковски.

Тој ги демантира информациите што беа објавени во некои медиуми. дека вонредна седница ќе има денеска.

– Јас не сум закажал седница за денеска, а никој друг освен мене тоа не може да го направи. Секако дека нема да стојам индиферентен и ќе ги отворам сите прашања – вели Рилковски.