САЛИ ПОТВРДИ ДЕКА ПОБАРАЛ РЕВИЗИЈА И ОСТАВКА : СЕ ПОСОМНЕВАВ ВО ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ОНКОЛОГИЈА

0
713

Поранешниот министерот за здравство Беким Сали вели дека уште за време на неговиот мандат било забележано зголемување на долгот кон добавувачите на лекови на Клиниката за онкологија, па откако не добил одговор како и на кои пациенти им се препишува биолошката терапија, побарал ревизија на финансиското работење на клиниката.

– Имавме забелешката во делот на менаџирањето со биолошката терапија од периодот кога беше внесена како иновативна терапија за онколошките пациенти. Клиниката почна да го зголемува долгот кон добавувачите на лекот и во неколку наврати побаравме да се изнајде решение и за тоа како и на кои пациенти им се препишува тој вид на терапија.

Знаејќи дека овој вид на терапија се дава во 5 клиники, најголемите финансиски проблеми ги имавме на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Бидејќи не добивме никакво решение од медицинскиот директорот, побаравме да се изврши ревизија на работењето во делот на финансиското работење од страна на Фондот и за истиот период беше побарано оставка од медицинскиот директор – вели Сали за Телевизија 24.