РУСИТЕ ЈА РЕКЕТИРАА ОДЕСА

0
499

Локални функционери рекоа дека во Киев и Дњепар работат системите за противвоздушна одбрана со цел соборување на проектили.

Според неофицијални информации, експлозии се слушаат и во неколку други градови, кои најверојатно потекнуваат од системот за противвоздушна одбрана.

Познавачите претпоставуваат дека се работи за уште еден напад врз украинската енергетска инфраструктура.

-Непријателот мисли дека ќе ја ослабне нашата одбрана со удар на енергетската инфраструктура. Тоа е наивна тактика на кукавици и губитници, но ние сме подготвени на тоа – изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак.

Украинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на украинскиот премиер Денис Шмихал, jави дека Русија утринава ја гаѓа украинската инфраструктура за производство на гас и фабриката за ракети.