РИСТОСКА : ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ ОТВОРЕНО ИМ КАЖУВААТ НА КАНДИДАТИТЕ ДЕКА НЕКОЈ ТРЕБА ДА СЕ ЈАВИ ЗА ДА БИДАТ ИЗБРАНИ

0
333

Се додека членови на Советот на јавни обвинители на кандидатите кои аплицираат за повисоки позици отворено им кажуваат дека дека некој треба да се јави за нив, за кандидатот да биде избран јасно е дека Советот е извор на тргување со влијание во Обвинителството, рече обвинителката Ленче Ристоска на конференцијата посветена за улогата на судскиот и обвинителскиот совет во стекнување на независност и интегритет во судството организирана од Националната конвенција за Европска унија во земјава.

-И затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна ваквиот избор што го прави Советот на јавни обвинители креира и клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем којшто не може да одговори во борбата против корупцијата и високиот криминал, изјави Ристоска, објави Телма.Според неа, треба да се разгледа опцијата Советот да биде Ад Хок тело кое ќе се состанува по потреба бидејќи од неговото формирање во 2008 година досега потфрли во исполнувањето на на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите.