РИСТЕСКИ : МУЦУНСКИ СРЕДСТВАТА ОД РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ГИ НАМЕНУВА ЗА ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА, А НЕ ЗА ПРОЕКТИ КОИ ГИ ВЕТИЛ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ

0
493

Изјава за медиуми, Милутин Ристески, член на Советот на Општина Аеродром

Почитувани,

Општина Аеродром усвои ребаланс на Буџетот во кој отсуствуваат средства за клучни проекти од програмата на Муцунски, а се зголемуваат трошоците за привремени вработувања.

На последната седница на Советот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ усвоија ребаланс на општинскиот буџет при што ги одбија амандманите за зголемување на еднократната помош за новороденче од 8.000 на 20.000 денари, спортска субвенција за млади во износ од 600 денари, хортикултурно уредување на дивата депонија во Долно Лисиче, проект за кружен тек кај ОУ Блаже Конески и проект за нова велосипедска патека на ул. Руди Чајавец.

Муцунски во овој ребаланс средства за овие проекти одби да најде, ама затоа успеа да најде дополнителни 8 милиони денари за привремени вработувања за партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Со овој ребаланс за привремени вработувања Муцунски одвои 28 милиони денари или 8 милиони повеќе од претходно предвидените 20.

Го потсетуваме Муцунски дека зголемувањето на еднократната помош за новороденче, спортската субвенција за млади и кружниот тек кај Блаже Конески се проекти со кои тој ја доби довербата од жителите на Аеродром да управува со општината.

Муцунски во неговата изборна програма на страница 44 на граѓаните им ветуваше зголемување на еднократната помош за новороденче од 8 на 20 илјади денари со рок до 2022 година.

Со тоа тој уште еднаш ги излажа граѓаните. Во Буџетот на Општина Аеродром и по усвојувањето на ребалансот пари за ова зголемување нема.

Муцунски во својата програма вети и кружен тек кај ОУ Блаже Конески кој требаше да ги спојува булеварите Ј. Сандански, К.Ј.Питу со улиците Руди Чајавец, Фрањо Клуз и Симеон Кавракиров.

За да го реализира ова ветување, годинава Муцунски требаше да почне да работи на проект за овој кружен тек. Повторно, благодарение на Муцунски и советниците од ВМРО-ДПМНЕ пари и за овој проект годинава нема да има.

Заради Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ пари нема да има ни за нови велосипедски патеки, ни за спортски субвенции, ни за хортикултурно уредување на депонијата во Долно Лисиче.

Го повикуваме Муцунски да се фати за работа и да почне да ја реализира сопствената програма.

Со евтина пропаганда, лажни ветувања и очигледното неработење Муцунски ја губи довербата од граѓаните. Аеродром на избори не простува.

Ви благодарам.