РЕЏЕПИ ГИ ПОТОПИ МИЦКОСКИ И АПАСИЕВ : ВЕЧЕРВА ЌЕ ГИ УБЕДУВАМ СИТЕ ПРАТЕНИЦИ НА АЛТЕРНАТИВА ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ, ДОКОЛКУ ЛЕВИЦА ОСТАНЕ

0
1064

-Вечерва на состанок со потесното раководство на партијата ќе се обидам да ги убедам сите пратеници на Алтернатива да не бидеме дел од новото мнозинство ако Левица остане – изјави пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи за „Слободен печат“.

Ако се суди според пишувањето на медиумот на албански јазик „Журнал.мк“ пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, нема намера да поддржи мнозинство со Левица во Собранието. Медиумот наведува изјави од неименувани партиски извори, според кои Реџепи не сакал да биде дел од мнозинство во кое е и партија која анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-американска и јавно се декларира дека е против Охридскиот и Преспанскиот договор. Поради тоа Реџепи, наводно, ќе побара од неговата партија да се повлече од договор за парламентарно мнозинство.

Според овие информации, Алтернатива имала погрешни наводи дека во новото мнозинство ќе била ЛДП (која е дел од владата). Но многумина во партијата биле изненадени кога ја виделе фотографијата на друштвото на лидери во Собранието кое треба да го сочинуваат новото мнозинство. Тие се зачудиле кога виделе дека на масата е и Димитар Апасиев од Левица.

Алтернатива, како дел од коалицијата со Алијансата за Албанците, има четворица пратеници. Без Скендер Реџепи новото мнозинство ќе има 60 пратеници, што е недоволно да се изгласа недоверба на владата.