ЗАЕВ СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК : ОД ПУСТА ЖЕЛБА ЗА ВЛАСТ МИЦКОСКИ, АПАСИЕВ И ГРУЕВСКИ САКААТ ДРЖАВАТА ДА ЈА НОСАТ НИЗ БРДО А НАРОДОТ ДА СТРАДА, НО НАРОДОТ НЕМА ДА ИМ ДОЗВОЛИ

0
1026

За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда.

Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.

🇲🇰
Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново.

Нашата кауза е и граѓанска и државничка.

Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници.

Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности.

Фејсбук статус на Зоран Заев.