Реконструкцијата на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров во финална фаза

0
867

Градежните работи за реконструкција на улицата „Борис Сарафов“ се во завршна фаза и наскоро сообраќајницата ќе биде целосно реконструирана.

Како што информираат од Градот, реконструкцијата е на потегот од крстосницата со улицата „Македонска војска“ до крстосницата со улицата „Кузман Шапкарев“, со вкупна должина од околу 1.700 метри.

– Во изминатиот период се работеше на изградба на нова водоводна, фекална и атмосферска канализација, на потег од крстосницата со улицата „Македонска војска“ до крстосницата со улицата „Сремски фронт“ – истакнаа градските власти.