(ВИДЕО) Има или нема канцеларија за опозицискиот дополнителен заменик Николовски?

0
1399

Продолжуваат превирањата за канцелариите на дополнителниот заменски министер во министерството за земјоделство.

Љупчо Николовски вели дека добива негативен одговор од министерството на прашањето дали се подготвени канцелариите за него и неговиот тим. Според Николовски, со ова тој повеќе од 10 дена не може да  се екипира и кабеното да почне да работи во министерството, кое на ваков нчаин го криши  Законот за Влада.
Од друга старана пак, од министерството велат дека Николовски веќе ги има клучевите од своите канцеларии. На камерата на 24 вести и беше дозволено да ги сними канцелариите кои се подготвени за Николовски. Државниот секретар вели дека доцнењето е поради малиот сместувачки капацитет на министерството, а една од причините е тоа што тука се сместени и министерот за странски инвестиции, како и вработените за спроведување на рамковниот договор, како и претпријатието Агроберза чии канцеларии претходно биле доделени на Николовски
Денеска се потпишани и решенијата за вработување на четворица од шестчлениот тим на Николовски, иако тој испратил барање уште пред десетина дена. Дополнителниот заменски министер најави и дека ќе бара одговорност за прекршување на законот за Влада.


ATOVSKA ZEMJODELSTVO KANCELARII 13 09 by 24vesti