РЕЖИМОТ очајнички се обидува да го задуши штрајкот на затвореничките во „Идризово“!

0
1071

Власта по секоја цена се обидува да го задуши штрајкот кој го најавуваат 103 осуденички кои ја одлежуваат затворската казна во казнено поправниот дом „Идризово“ крај Скопје, пренеусва „Плусинфо“. 

Осуденичките на ваков чекор се решија, откако минатата недела до нив пристигна негативниот писмен одговор од шефот на државата Ѓорге Иванов, кој по неговата одлука за аболиција на политичари, го одби барањето на безмалкуте 2.000 мажи и жени-затвореници да им ги намали затворските казни за 30 до 50 отсто од вкупната судска пресуда.

Управата за санкции, под чија „команда“ се сите казнено-поправно институции во земјава, како што тврдат нашите соговорници од „Идризово“, одбива да им дозволи на жените-затворенички, јавно преку медиумите да се обратат на јавноста, но и директно до Иванов и да објаснат во какви мизерни и нечовечки услови ги минуваат казнените денови, но и дека не бараат „преку леб погача“, туку тоа што му дозволува законот за помилување на претседателот.

Целио текст ОВДЕ