АМЕРИКАНСКИ БОРБЕНИ АВИОНИ СЕ ПРИБЛИЖИЛЕ КОН ГРАНИЦАТА НА РУСИЈА НАД БАЛТИЧКОТО МОРЕ

0
648

Руски ловец Су-27 придружувал два американски стратешки бомбардери Б-1Б над Балтичкото Море, соопшти рускиот Национален одбранбен контролен центар.

Според Национален одбранбен контролен центар радарите откриле две воздушни цели кои се приближувале до руската граница, по што ловецот Су-27 од силите за воздушна одбрана на Балтичката флота бил подигнат во воздух.

„Екипажот на рускиот борбен авион ги класифицира воздушните цели како два стратешки бомбардери Б-1Б на американското воено воздухопловство и ја презеде зададената задача. По отстранувањето на странските воени авиони од државната граница, рускиот борбен авион се врати во својата база. “ се вели во соопштението.Рускиот Су-27 летал во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор и не ја нарушил границата на земјата, пишува рускиот Национален одбранбен контролен центар.