Режимот на Грујо и Бате Саше употребил три различни системи за прислушување во периодот од 2008 до 2015 година

0
1221

СЈО во истрагата утврдило декла во периодот од 2008 до 2015 година во употреба биле три различни системи за следење комуникации.

– Врз основа на доказниот материјал, постои основано сомнение дека во 2008 г.  тројца на раководни позиции, спротивно на Законот давале наредби за внесување и сами внесувале телефонски броеви и ги слушале за кои немало судски наредби.

Досега прибавените докази покажуваат дека преку првиот систем за следење  од 01. 01. 2008 до 30. 11. 2008 без судска наредба  биле следени најмалку 229 телефонски броеви и уште најмалку 21 телефонски број надвор од перидот на судските наредби.

Преку вториот систем за следење , во периодот од 11.2. 2008 до  02.01. 2015 без судска наредба е следена комуникацијата на најмалку 3.646 телефонски броеви и дополнително уште најмалку 1.268 телефонски броеви надвор од периодот од судска наредба.

Третиот систем бил во употреба од 21. 01. 2015 до 31. 12. 2015 без судска наредба се следени најмалку 401 телефонски број и дополнително уште најмалку 252 телефонски броеви надвор од судската наредба.