РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОВАЧЕВСКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА : ЗА10 МЕСЕЦИ 141 МЕГАВАТ ИНСТАЛИРАН КАПАЦИТЕТ

0
407

Владата предводена од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски интензивно и динамично ја остварува енергетската трансформација на државата.По долготрајно стоење во место, во земјата се случува енергетска револуција.За само 10 месеци во државата се инсталирани енергетски капацитети од вкупно 141 мегавати и тоа 98 мегавати фотоволтаици, 37 мегавати од ветер, 6 мегавати мали хидроелектрани и биогас.До крајот на мандатот ќе имаме над 300 мегавати инсталиран капацитет, што претставува половина од годишното производство на РЕК Битола.

За споредба тоа е неколку пати поголем инсталиран капацитет од сите досегашни инвестиции во изминатите три децении.Сега значително се зголемува домашното производство на електрична енергија, а нашите граѓани имаат целосно и непречено снабдување со електрична и топлинска енергија, по најниски цени во регионот и Европа.Енергетскиот сектор добива нова сила, која значи сигурност за граѓаните и основа за развој на економијата.