ШИЛЕГОВ И ГРАДОТ СКОПЈЕ ИНТЕНЗИВНО РАБОТАТ НА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИИ НА УЛИЦИ И БУЛЕВАРИ: СЕ АПЕЛИРА НА ПОГОЛЕМА СТРПЛИВОСТ ОД ГРАЃАНИТЕ ПОРАДИ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ

0
747

Градот Скопје гради со засилено темпо и во тек се изградба и реконструкции на градските улици и булевари. Градежни работи се одвиваат на 11 локации во неколку скопски општини.

Градежните работи се во тек на:

Булевар АСНОМ, од булеварот Гоце Делчев до влезот во Ќерамидница, на должина од 300 метри;

Улица Васко Карангелевски, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада, на должина од 1.000 метри;

Раскрсница на улицата Скупи и булеварот 8.Септември, раскрсница на булеварот 8.Септември и булеварот Никола Карев и раскрсница на булевар Никола Карев и булевар Словенија (капиталниот проект за изградба на два кружни тека, подвозници и надвозници кај Момин поток);

Булевар Борис Трајковски, на потегот од Пинтија до Драчево, на должина од 2.000 метри;

Улица Лука Геров, на потегот од кружниот тек кај пожарната до улицата Волковска, на должина од 1.800 метри;

Булевар Киро Глигоров, од булеварот АСНОМ до булеварот Александар Македонски, на должина од 500 метри;

Изградба и пробивање на улица Есенинова, од бул. Борис Трајковски до бул. Трета македонска бригада.

Улица Индира Ганди, втора фаза до обиколницата, на должина од 800 метри;

Во наредниве денови треба да започне и реконструкцијата на:

Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка, на должина од 530 метри;

Улица Бутелска, на потегот од улицата Александар Урдаревски до обиколницата, на должина од 850 метри;

Булевар Кузман Јосифовски Питу, на потегот од новата железничка станица до булеварот Кочо Рацин;

Булевар Крсте Мисирков, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до булеварот Гоце Делчев, на должина од 650 метри;

Градот Скопје апелира до граѓаните да имаат разбирање и трпение додека се реконструираат голем број улици и булевари во различни општини. Екипите кои што работат на реконструкциите, се трудат да ги изведуваат брзо и со внимателно планирање на привремените сообраќајни режими за да се обезбеди оптимална брзина и безбедност за сите учесници во сообраќајот.