РЕАКЦИЈА ОД ДИРЕКТОРИТЕ НА ЦСР НА ИЗЈАВАТА НА ТЕХНИЧКИОТ МИНИСТЕР : НАВРЕДИТЕ НА ЕДЕН МИНИСТЕР КОН СИТЕ ВРАБОТЕНИ И ПОВРЕДАТА НА ДОСТОИНСТВОТО НА ДИРЕКТОРИТЕ Е НЕПРИФАТЛИВО ОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДВОДНИК КОЈ ТРЕБА ДА ВЛЕВА ДОВЕРБА И СИГУРНОСТ КАЈ ГРАЃАНИТЕ!

0
151

Како директори јавно го искажуваме своето незадоволство од непромислените изјави на техничкиот министер, Велковски на вчерашната прес-конференција. За еден професионалец да работи во социјална заштита потребна е посветеност, толеранција и емпатија, чиста професионалност и информираност, а пред се знаење.

Министер што не ги проверува информациите пред да ги каже во јавност а притоа ги навредува сите вработени во институцијата каде моментално тој е на чело е целосно неприфатливо.

Бараме извинување за нарушување на интегритетот на нашите вработени, како директори го цениме трудот на вработените и никакви политички игри не смеат да ја навредат нивната професионалност!

Човек што не ги почитува вработените, не можe да води едно од најголемите министерства во државата!