„РАМО ДО РАМО ДО ПОБЕДА“ ВО ЦЕНАР ЖУПА И ДЕБАРЦА : СО СДСМ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ПОТВРДЕН И ЗАШТИТЕН, РАМНОПРАВЕН СО СИТЕ ЈАЗИЦИ НА ЕУ

0
735

Во рамите на теренските активности на СДСМ под мотото„Рамо до рамо до победа“ денеска на средби со граѓаните во општина Центар Жупа беше потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, заедно со Методија Димовски.

Ние сме посветени на заштита и унапредување на македонскиот јазик и дома и надвор од државата, со чување и потврда на јазикот го чуваме нашиот идентитет и посебност, истакна  Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека македонскиот јазик стана рамноправен со сите јазици на Европската унија, потврда за тоа е потпишување на првиот договор со ЕУ, договорот за Фронтекс на официјален македонски јазик без фусноти и додавки, со што и официјално пропаднаа сите лаги и хистерии кои ВМРО-ДПМНЕ ги пласираше за наводно бришење и загрозување на македонскиот јазик со започнување на преговорите за членство во Европската унија.

Потпретседателката Костадиновска Стојчевска нагласи дека предлог-законот за употребата на македонскиот јазик влегува во собраниска процедура и потенцира дека тој е одговор на новите предизвици кои бараат зголемена, организирана и системска грижа за правилна употреба на македонскиот јазик и на неговото кирилско писмо.