АРСОВСКА ДАДЕ ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА ЗА ДИРЕКТОРКАТА НА КХС, КОСАНА МАЗНЕВА : ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ДА НЕ ГЛУМАТ ИНФЛУЕНСЕРИ ТУКУ ДА СЕ ФАТАТ ЗА РАБОТА

0
618

Градоначалничката Данела Арсовска даде целосна поддршка за директорката на КХС, Косана Мазнева која како што соопшти таа веќе неколку месеци се обидува да се справи со како што вели мафијашките структури во јавното претпријатие.

-Она што сакам да го кажам во целосна одбрана на директорката Косана Мазнева е дека таа прво пред се ги детектираше сите неправилности, второ не е точно дека било каков револт бил дојден па потоа таа постапила. Таа постапи уште минатиот месец и тоа уште пред 25 јуни кога реагираше соодветно кога отпочна со сите постапки па отпосле овие мафијашки структури одлучија да се пресметаат со неа, вели Арсовска.Целата јавност ги има фактите и аргументите за постапките во претпријатието потенцираше Арсовска, велејќи дека нема да дозволи никој да ги манипулира со случајот.

-Фактите ги имате аргументите ги имате, отказните решнија на овие мафијаши ги имате тие се од минатиот месец со кривичните пријави кои што им се уредно поднесени. И јас не дозволувам никој да манипулира тука, најмалку против една жена која што се нафати во едно претпријатие со 1400 вработени кое било во заложништво на стотина ликови семејно поврзани од оние кои што оние кои што ги водат се мафијашки структури да се обидат ова да го испревртат и да ја направат виновна за било што, додаде таа.

Арсовска истакна дека е за поздравување тоа што по 30 години некој се одважил да се справи со мафијашките структури во претпријатието.Побара новинарите да ја поддржат Мазнева исто како што таа го прави тоа.

– Ако се обидува некој политички да се пресметува, треба добро да размисли. Треба да се размислат сите што молчеле 30 години пред ова што се случува, а не да ја напаѓаат оваа жена тука. Целиот град стои зад неа бидејќи сама се спротивстави против сите, каде што ниту еден маж не застанал – додаде Арсовска.

Посочи дека фатиле луѓе што се трајно иселени во Германија, а примале плата. Беше лута што новинарите не го иницираат ова прашање.

– Фативме луѓе што трајно седат во Германија, трајно се иселени и примале плата. Не се прашувате како се случувало тоа? Не иницирате како јавност за одговорност на овие лица? Не смее ниту еден човек да зема плата, а да не иде на работа – рече Арсовска.По однос на чистењето од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ  и СДСМ а и по однос на иницијативата да си ја преземат хигиената во општините, таа рече да не глумат инфлуенсери и да се фатат да си ја работат работата.– Нека си ги исчистат прво нивните населби и општини, па потоа нека зборуваат – одговори Арсовска.