РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА Е ПОВТОРНО ИЗБРАНА ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈАТА НА ЕВРОПСКИ СОЦИЈАЛИСТИ

0
383

„Првиот пат беше голема шанса, денес е огромно признание! Навистина ми е чест дека на Конгресот на Партијата на европски социјалисти (на кој во моментов говорат шпанскиот премиер Санчез и германскиот канцелар Шолц) повторно бев избрана за нејзин потпретседател“напиша Шекеринска.

Поранешната министерка лани во Берлин по прв пат беше избрана за потпретседателка на Партијата на европските социјалисти како прва личност која доаѓа од земја што не е членка на Европската Унија.

„Ми претставува огромна чест да ве информирам дека на Когресот во Берлин ме избраа за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС). Честа е дотолку поголема што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската унија. Благодарност до новиот претседател Стефан Ловен, кој го даде предлогот и до сите мои колеги кои го поддржаа“ напиша тогаш Шеќеринска на својот фејсбук-профил