(Аудио) Саше Политико : Ме маваа со шипки по главата и грбот

0
1064

Сопстеникот на порталот Mактел, Саше Ивановски – Политико, по нападот од две непознати лица вечерва во скопската населба, Кисела вода, по интервенцијата во градската болница,за Либертас вели дека е дома, но е сеуште под стрес.

sase-politiko1

– Маваа со шипките кај ќе стигнеа. Ме удрија неколку пати по глава, имам расекотини, но среќа што имав ташна и се бранев. Најмногу удари од шипките имам по грбот, кога им бегав ме маваа. Ако им успееше да ме легнат на земја, не знам што ќе беше со мене, не очекував ваква бруталност – вели Саше.

Според Саше, напаѓачите се откажале оти неговите повици за помош ги слушнале станарите на зградата и излегле на балконите и прозорците. Нападот е пријавен во полиција.

Во телефонска изјава за порталот Бриф еве што за нападот вели натепаниот сопственик на Мактел.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=ur0zi41LStQ[/youtube]