ПУКОТНИЦИ ВО САД : НАЈМАЛКУ ЕДЕН ЗАГИНАТ И НЕКОЛКУ ЗАСТРЕЛАНИ ВО ПРОДАВНИЦА ЗА АВТОДЕЛОВИ

0
212

На местото на настанот, на паркингот на продавницата може да се забележат автомобили изрешетани со дупки од куршуми, јавува Мирор.

Целата област е преполна со полиција која го истражува инцидентот. Наводно сѐ започнало околу 10:30 часот по локално време.

Улиците во близина се блокирани од полицијата. На местото на настанот биле повикани неколку возила на брза помош и противпожарни возила. По престрелката, неколку луѓе наводно биле пренесени во блиските болници, додека WGNN јавува дека четири лица се ранети.

Вработен во продавницата за автоделови потврди дека никој од продавницата не е физички повреден.

Се верува дека до пукањето дошло откако два автомобила се судриле еден блок подалеку од продавницата, но завршиле на нејзиниот паркинг. Очевидци велат дека полицајците им кажале дека пукачите со пушки скокнале од автомобилите и пукале еден во друг.

Според полицијата „има околу шест жртви“.

Едно лице од блискиот сервис за хемиско чистење рече дека пукотницата била толку силна што мислела дека се случува над нејзината глава.