Проштална средба на МНР Никола Димитров со амбасадорката на Србија, Душанка Дивјак Томиќ

0
719

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес оствари проштална средба со Душанка Дивјак Томиќ, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Србија и досегашен доајен на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија, по повод завршувањето на нејзиниот мандат во нашата држава.   

На средбата беше потврдена готовноста за продолжување на досегашната соработка и развој на односите меѓу двете пријателски земји во сите области од заемен интерес, со градење на силни добрососедски односи и решеност за нивно натамошно продлабочување, заложби кои беа неодамна реафирмирани и од страна на министрите Димитров и Дачиќ во Ниш, за време на работната посета на Србија. 

Двајцата соговорници ја нагласија одличната соработка во борбата со последиците од пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19 и напорите за нормализирање на режимот за движење меѓу двете земји. Голем придонес дадоа кризните штабови на министерствата за надворешни работи на двете земји, како и ангажманот на Амбасадата на Република Србија во Скопје.  

Министерот Димитров го поздрави активниот ангажман на амбасадорката Дивјак Томиќ во годините поминати во Северна Македонија и воедно и’ беше врачена благодарница за нејзините постојани напори во промовирање на српско-македонското пријателство, партнерство, билатералните односи и тесната соработка, посакувајќи и’ успех во понатамошните ангажмани.