ПРОШИРЕНА ПОТРАГАТА ПО ДВЕГОДИШНОТО ДЕВОЈЧЕ ВО СРБИЈА : ВКЛУЧЕНИ СЕ КУЧИЊА ТРАГАЧИ, ЛОВЏИИ, ГРАЃАНИ, ДРОНОВИ И ХЕЛИКОПТЕРИ

0
159

Потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор се уште трае. На терен се полицајци, пожарникари-спасувачи, припадници на планинската спасувачка служба, припадници на Жандармеријата со кучиња трагачи, ловџии и бројни граѓани. Во потрагата по девојчето се користат и хеликоптер и беспилотни летала со термо камери.

Девојчето Данка Илиќ, кое исчезна вчера во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско поле во Бор, има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.Во моментот на исчезнувањето таа носела маслинесто зелена јакна, виолетови панталони, црни патики и косата врзана во опавче.Во Србија за прв пат беше лансиран системот FIND ME! кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.