ПРОФЕСОРОТ ПО УСТАВНО ПРАВО, ШКАРИЌ: ВНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ ЌЕ БИДЕ ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА НАС А ГОЛЕМ ПОРАЗ ЗА БУГАРИЈА

0
864

Проф. по Уставно право, Светомир Шкариќ:

“Добро би било да се движиме на патот кон ЕУ со внесување на Уставните промени според пропишаните Уставни одредби.”
Новинарката- Со внесувањето на бугарите во Уставот, бугарите велат ќе се докаже тезата “2 држави, еден народ”.

Проф. : “Ако бугарите се вметнат во Преамбулата на Уставот, а македонскиот народ стои на почетокот на преамбулата, а бугарите се внесат како етничко малцинство од бугарскиот народ, со тоа Македонскиот народ ќе се разликува од бугарскиот народ. Ова оди во наш прилог. ”

Новинарката: “Што добиваат тогаш бугарите со вметнување во преамбулата на Уставот?”

Шкариќ: ” Добија разбирање од ЕУ во однос на човековите права. А, кога ќе се осврнеме на човековите права кај нив, тогаш паѓаат во контрадикторност.
Македонија многу ќе добие со пристапните преговори.”

Шкариќ: “Третманот на бугарите во МК, тие 3.500 или 3.600 колку се, не може да биде привилегиран во однос на другите етнички заедници во државата. Нивното учество во јавните структури ќе биде регулиран со балансерот”.