ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД 1.100 ЕВРА И 600 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА Е РЕАЛНО ВЕТУВАЊЕ НА СДСМ

0
157

Изборите секогаш треба да се сериозни и со сериозен пристап, а она што ќе го понудите треба да го реализирате. Граѓаните ќе мора да одберат меѓу двата концепти, овој кој го предводи Коалицијата за Европска иднина со јасна цел за граѓаните, наспроти се’ она што се случува во опозицијата како немање ниту став, ниту перспективи, и само желба да ја заробат земјата во некое друго време, како што беше до 2017 година.

Никој нема поголем кредибилитет од СДСМ да зборува на оваа тема. Кога кажавме дека плата ќе расте, не убедуваа големите експерти од ДПМНЕ, дека тоа ќе биде причина да пропаѓаат фирми и ќе има незадоволни работници. Но, напротив, место 8,600, сега имаме минимална плата од 22 илјади денари. Место просечна од 20 илјади, денес имаме просечна плата поголема од 36 илјади денари. И додека ДПМНЕ, им фрлаше трошки на пензионерите, со по 500 денари, и тоа 4 пати, сега има систем на усогласување на пензиите два пати годишно, за зголемување на просечната и минималната пензија.

СДСМ е промотор на идејата едно општество за сите, и промотор на идејата за учество на малите етнички заедници во парламентот. Да не беше СДСМ во сите овие 30 години, ќе немаше ниту еден претставник на етничките заедници во моментов.