ПРИЛЕПЧАНЕЦ ДРВО ПИЈАН ГО САНКЦИОНИРАЛЕ ОД МВР СО 4,55 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ УПРАВУВАЛ АВТОМОБИЛ

0
315

Се поголем е бројот на пијани возачи кои седнуваат зад воланот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот во земјава. Неодамнешната анализа на бројките за „уловени“ пијани возачи што ја направи „24 инфо“ покажа дека споредбено за изминатите две години (2021 и 2022 година) бројот на откриени вакви несовесни учесници во сообраќајот е двојно зголемен, но и процентот на алкохол кој е констатиран при направените тестови е се поголем.

Така од МВР стаса потврда за откриен нов „рекордер“ со 4,55 промили алкохол кај возач од Прилеп.

Во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 05.00 часот утрово на подрачјето на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 58 возачи од кои 29 во Прилеп, 13 во Битола, 6 во Крушево , 5 во Македонски Брод, 3 во Ресен и 2 во Демир Хисар.