Не разбирам како на лекари, професори, академици, декани, ректори, др. на науки им било страв да проговорат 11 год?!

0
2350

Јас не разбирам како на лекари, професори, академици, декани, ректори, др. на науки им било страв да проговорат 11 год?!

Јас не го разбирам тој страв на луѓе полни знаење, искуство и истражувања. Јас не разбирам како тоа ние сме се бореле за сите нив, за да можат слободно да дишат и зборат со нас, денес, во слободна земја, додека си седеа по фотељи во режимот?

Јас не ја разбирам исто ниту мојата лична, пркосна, исконска, воља на жена од 50 со се кревет да се борам за толку јака и тешка фела од знаења, стручност и ум.

Знаете што?

Истите тие ломбаци никогаш нема за ништо да проговорат јавно, дури и во најсовршената слобода, освен на кафе и по кулоари.

Знаете зошто?

Зашто тоа се луѓе без политичка и критичка свест. Родени се така. Генетика е тоа. И кога ќе ми кажат дека времето ќе си покажело се, можам само да ги погледнам онака директно, долго, бесчувствително во очи, да се завртам и да заминам.

А што се однесува до потлачената и уплашена учителка, работничка, административка, тука навистина само и времето ќе покаже.

Синоличка Трпкова – Фејсбук статус