ПРИЛЕПСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ СПАСИЛЕ КУЧЕ ПОТИСНАТО ОД ЛИФТ

0
51

Центарот за управување со кризи информира за несекојдневна ситуација во Прилеп каде пожарникари спасиле куче заглавено во лифт.

„Пожарникарите од ТППЕ Прилеп, покрај гасењето на пожарите во населени места и на отворено имале имале уште една помала техничка интервенција за безбедно извлекување на куче коешто било потиснато и заробено од лифт во ООУ ‘Кочо Рацин’. Интервенирано е со едно возило и двајца пожарникари“, велат од Центарот за управување со кризи.

Извор : МакФакс