ПРИЛЕПСКИОТ ПИНГПОНГ ШАМПИОН ,,МЛАДОСТ96″ ОВОЈ ВИКЕНД ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ОДБРАНА НА ЛАНСКАТА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА ДРЖАВЕН ПРВАК НА МАКЕДОНИЈА

0
730

Во сабота на 04.06.2022 со почеток во 11:00 часот во салата ,,Македонски бранители” ќе се одигра првиот пингпонг финален меч за шампион во ,,Супер лигата” помеѓу екипата на ,,Младост96″ од Прилеп против екипата на Крива Паланка 2007.

Екипата ,,Младост96″ е максимално спремна за предизвикот одбрана на титулата, иако овие натпревари ќе бидат далеку потешки за разлика од ланската година каде од страна на прилепскиот пинг понг тим се освои шампионската титула.

Во недела пак во Прилеп во салата за пингпонг ,,ДТВ Партизан” ќе се одржи реванш натпревар. Стефан Костадиновски, Петар Костовски, Андреј Лашкоски, Александар Рикалоски, Антонио Стомнароски предводени од тренерот Гоце Тошески кои најавуваат жестока борба за задржување на титулата во Прилеп

Од екипата на ,,Младост96″ ќе отсуствува Раиф Рустемовски. Доколку има трет натпревар истиот ќе се одржи во Крива Паланка наредна недела.

Во име на екипата на ,,Младост96″ ги покануваме сите љубители на пингпонгот како и на спортот да присуствуваат на 05.06.2022 година со цел да го проследат големото финале и да ни дадат максимална поддршка во одбраната а воедно и освојување на втората шампионска пингпонг титула.

Со почит,

Пинг Понг клуб ,,Младост96″