ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ВО ВРСКА СО УБИСТВОТО ВО КАФЕ БАР ,,АЛБУМ ШИША”

0
401

Денеска (08.08.2023) во Скопје, на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје во содејство со САЕ „Тигар“ и Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги извршија претрес на дом и го приведоа Г.М. (31) од Скопје, кој бил баран со потерница од надлежното обвинителство во врска со убиството во кафе бар „Албум Шиша“ во Скопје на 06.03.2023.

Г.М. е задржан во полициска станица и против него до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за извршенo кривичнo делo „помагање” по чл. 24 од КЗ во врска со кривично дело „убиство“ по член 123 од КЗ, извршени на ден 06.03.2023. ГМ. е предаден на ОЈО за натамошна постапка.