На денешната прес конференција одржана од поранешни членови на Левица од огранокот во Охрид јавно се оградија од нивната матична партија.
Според наши информации од двете политички партии се работи за пресметка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред идните парламентарни избори кога и да се одржат тие или поточно се работи за обид главната опозициска партија да си ги поврати оние тврдокорни и хардкор поранешни гласачи кои пребегаа во Левица со цел тие да се вратат во нивната поранешна матична партија ВМРО-ДПМНЕ, или може да се каже дека пресметката помеѓу Апасиев и Мицкоски започна.