ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ВОЕНИ ВЕТЕРАНИ И ИНВАЛИДИ ОД 2001 ГОДИНА ,,ФЕНИКС” – БЛАГОДАРНОСТ ЗА ОТВОРЕНОСТА ЗА ПОМОШ, ПОДДРШКА И СОРАБОТКА

0
813

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со претставници од Здружението на воени ветерани и воени инвалиди од 2001 година – „ФЕНИКС“, предводени од претседателот на здружението Лазо Наумов.

На состанокот е изразена голема благодарност до премиерот Зоран Заев и му е дадена плакета за отвореноста за соработка и покажаното разбирање за решавање на прашањата што ги засегаат воените ветерани и воените инвалиди од 2001 година.

На средбата е истакнато дека за прв пат, како што беше речено, после многугодишна запоставеност, еден премиер покажува заинтересираност за нивна помош и поддршка. Разговарано за повеќе актуелни прашања, посочени како важни од страна на претставниците на здружението „ФЕНИКС“.

Во таа насока, договорено е разгледување на досегашната примена на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на паднатите борци и заложба за доследна примена на Законот од страна на сите надлежни институции на системот.