ПРВИОТ ЧОВЕК НА БРЕНДОТ ВИТАМИНКА, САШО НАУМОСКИ ЗА КАПИТАЛ : СИТЕ НАШИ АКТИВНОСТИ ВО КОРОНА – КРИЗАТА СЕ НАСОЧЕНИ КОН ДОБРОТО НА ВРАБОТЕНИТЕ И ГРАЃАНИТЕ

0
1335

Сашо Наумоски генерален извршен директор на „Витаминка“ – АД Прилеп

Воведовме вонредни мерки за превенција и заштита на нашите вработени. Немавме никакви рационализации или кратење на трошоците. Токму спротивно, една од мерките што ги спроведовме за полесно справување со кризата повторно беше насочена кон нашите вработени со пакет производи и со награда на плата за оние кои постојано доаѓаа на работа на определени работни позиции. Во овој период и со цел полесно надминување на последиците од кризата, со сите наши активности во прв план ги ставивме вработените и граѓаните. Трошоците за реклама ги пренасочивме во хуманитарни цели, а инвестициите ги пролонгиравме за 2-3 месеци.
Фабриката за прехранбени производи „Витаминка“ од Прилеп е меѓу најголемите производители и извозници во овој сектор од земјава, со приходи од продажба во износ 41 милион евра минатата, 2019 година, што било пораст од 10% во однос на претходната. Годинава, поради корона – кризата почнаа посериозни мерки на рестрикции во Македонија од средината на март, месец кога „Витаминка“ немала за среќа промени во продажбите, но веќе во април, според зборовите на генералниот извршен директор Сашо Наумоски почнале да се чувствуваат последиците од државниот карантин и намалениот обем на работа, па приходите се помали за 20% во однос на истиот месец лани. Со г-дин Наумоски разговаравме за тоа како компанијата се справува со актуелнава криза предизвикана од пандемијата Ковид – 19 и кои се очекувањата и целите за периодот што следи.
-Дали Витаминка претрпе некакви штети досега од корона – кризата и во колкав обем се тие, во смисла на намалување на продажба во март – април, извоз, итн.?
Во месец март немавме пад, беше на исто ниво на ланскиот март, освен кај маслото за јадење „Брилијант“ каде имавме прилично зголемена продажба. Но април беше катастрофално лош. Прво, поради мерките за карантин, второ поради намалениот број на вработени работевме само во една смена, но и многу вработени од администрација ги ослободивме на принуден одмор. Завршивме со послаби резултати од лани за повеќе од 20%. Сепак, веруваме дека целата ситуација околу здравствената криза ќе заврши за брзо, па така поголемите негативни последици ќе изостанат, а евентуалните проблеми успеаваме да ги превенираме и навреме да реагираме.
Април беше катастрофално лош. Прво, поради мерките за карантин, второ, поради намалениот број на вработени – работевме само во една смена, но и многу вработени од администрација ги ослободивме на принуден одмор – април го завршивме со послаби резултати од лани за повеќе од 20%.
-Колку е генерално кондиторијата/прехранбената индустрија погодена од кризата, дали луѓето помалку или повеќе купуваат благо, на пример, кога се дома во карантин? Како се одразува тоа на вашето производство?
Потребите на граѓаните и навиките остануваат исти, оваа состојба засега не предизвика промени во однос на потрошувачката и на потрошувачките навики. Навиките не се менуваат лесно. Но, едноставно нема доволно време за купување во маркетите. Саботите и неделите никој нема да ги надомести. Секој влегува брзо, купува основни производи кои му фалат, и заминува. Недостасува потрошувачката од Хорека (хотели – ресторани – кафе барови, н.з.) секторот, кој ни е голем потрошувач. Исто така се чувствува страв, но и помали примања на потрошувачите. Едноставно голем број на луѓе останаа принудно дома, но и без работа. Па следствено на тоа, имаме намалена потрошувачка.
VIK_2873

Целото интервју на првиот човек на македонскиот бренд ,,Витаминка” ќе може да го прочитате на овој линк ОВДЕ