ПО СОБИРАЊЕТО НА 8.000 ПОТПИСИ ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА, ПОБЕДНИЧКА АТМОСВЕРА ВО ТАБОРОТ НА АРБЕН ТАРАВАРИ, БЕЗ НИКАКВО НАЛОЖУВАЊЕ ,,ЌЕ ПОБЕДИМЕ” ВЕЛАТ ОД ТАМУ

0
353

Откако таборот и фракцијата на ,,Алијанса за Албанците” на Арбен Таравари обзнани дека за неколку часа собраа 8.000 потписи од нивниот табор изјавија дека се оптимисти за дел од новата влада на Република Северна Македонија како и за претседателската трка за која велат дека за потписите на актуелниот градоначалник на Општина Гостивар биле заслужни сите етнички заедници покрај албанците во земјава.

Од таму велат дека трката за претседателски кандидат ќе ја добијаат и дека ќе бидат дел од идната влада со новото парламентарно мнозинство.

”Тоа се потписи на слободата, без никакво наметнување, без никаквo наложување, туку се вашата чиста волја, ова е нов рекорд и показател дека со ВРЕДИ промената веќе започнала, ви благодарам од се срце”, стои на фејсбук страната на Арбен Таравари.