ПО СКАНДАЛОТ ВО СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ ОКОЛУ СЕКСУАЛНО МАЛТРЕТИРАЊЕ НА МАЛОЛЕТНИЧКА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ИМА РАБОТА И ЗА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА ВО МВР

0
2479
Фала му на Господ работите почнаа да се движат во добра насока за да конечно се расчисти случајот со малолетничката во Прилеп.
#ОЈО– Прилеп ги демантира тврдењата на МВР дека е констатирано дека не постојат елементи за кривично дело.

Одговор од #МВР:
“Од страна на полициски службеници се преземени мерки и активности, за случајот е известен јавен обвинител при што било констатирано дека не постојат елементи за извршено кривично дело.”

Одговор од #ОЈОПрилеп:
“Информацијата дека во постапувањето по конкретната пријава е констатирано дека нема елементи на кривично дело не е точна. Имено, веднаш по приемот на известувањето, надлежниот јавниот обвинител издаде насоки до МВР за обезбедување на сите потребни докази, кои вклучуваат и распит на лицата. По наредбата се постапува.”

Е сега овде има работа и за #ВнатрешнаКонтрола во МВР. Неслучајно вчера јавно прашав дали некој се обидувал да го заташка случајот затоа што синот на осомничениот е вработен во МВР.
Фејсбук статус на Фуркан Салиу.