ПО НАПАДИТЕ КОН ТЕЛМА – Македонската медиумска асоцијација и го замрзна членството на ТВ „Алфа“!

0
786

Македонската медиумска асоцијација го замрзна членството на телевизија „Алфа“, објави телевизијата.

Според информациите на „Алфа“, оваа одлука била донесена на вчерашниот состанок со другите национални телевизии членки, на кој директорот на „Алфа“ не бил присутен.

-Зошто замрзнувањето е ставено на дневен ред на состанокот, официјално образложение нема. Побаравме изјава од претседателот на ММА, директорот на „Телма“ Атанас Кировски, кој одговори дека додека не биде готов записникот од состанокот нема да дава образложенија. Засега нема одговор кои се причините за замрзнување на членството на нашата телевизија, кој од членовите односно останатите директори е иницијатор за ваквата одлука, и зошто „Алфа“ не е известена за да има можностда реагира, велат од телевизијата „Алфа“.

Се чини оваа постапка доаѓа по бруталните напади кон ТВ Телма по договорот за купување на ГАМА. Во многу емисии на Тв Алфа беа искажани напади и клевети кон Телма дека со ова се купува телевизијата од власта.