ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ БИТИЌИ ДО ПРАТЕНИЧКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА : КАКО МЕ ЧИТАТЕ МЕНЕ, КАКО ФАТМИР ИЛИ СРЕЧКО? ВЕРОЈАТНО КОГА БИ ГО ЗНАЕЛЕ АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК БИ ЗНАЕЛЕ ДЕКА ФАТМИР Е ИСТО КАКО СРЕЧКО

0
910

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната собраниска седница во одговор на пратеничко прашање од пратеничката Гордана Сиљановска – Давкова, посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ уште една различност е проблематична во нашето општество, а тоа е правото да се зборува на мајчин јазик.
Интегрално ви го пренесуваме одговорот на потпретседателот Битиќи:

„Како ме читате мене, како Фатмир или Сречко? Веројатно кога би го знаеле албанскиот јазик би знаеле дека Фатмир е исто како Сречко. Дали кога би добиле документ на македонски со превод на англиски исто така би ви пречело, како кога ќе добиете документ на македонски со албанскиот? Веројатно за сите граѓани ова е вистинското тоа што можевте да го видите.

После вчерашниот ден во кој што сфативме дека различностите се проблем во нашето општество, денес уште една различност е проблем во нашето општество, а тоа е можноста да го уживате правото да го зборувате својот мајчин јазик исто, истоветно, на ист начин, како што го говорам вашиот мајчин јазик на некому пречи. Кога сме се довеле во ситуација да кажеме дека на пратениците им пречело затоа што визуелно било проблематично да се следат два јазика?

Кажете како ќе биде во денот кога ќе станеме членка на Европска унија, дали тогаш ќе пречки тоа што денеска се броиме да нашиот официјален јазик во Европската унија биде македонскиот јазик?Како што се гледа имате проблем, имате проблем да слушате на јазикот на кој јас можам да зборувам“, порача потпретседателот Битиќи.