АНГЕЛОВ : КОВАЧЕВСКИ НЕ ИНФОРМИРАШЕ ДЕКА АЛИЈАНСА НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДАТА

0
359

Ковачевски ги информирал коалициските партнери дека Алијанса за Албанците најверојатно ќе влезе во Владата, иако не било разговарано за конкретни кадровски решенија, откри денеска лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов во гостување на телевизијата Алфа.

– Сметам дека етничкиот состав ќе остане ист, но за кадровски решенија не беше разговарано. Ширењето на коалициски потенцијал не е ништо лошо и ВМРО-ДПМНЕ утре може да биде во коалиција со неколку албански политички партии, факт е дека нема да има влада без албански партии.Доколку утре нешто не ни се допаѓа може да излеземе од коалицијата, никој не нè држи таму со сила, но во сите коалиции е така, крупните прашања ги одлучува најголемата политичка партија во коалицијата, вели Ангелов.