ПОСЛЕДНИ ПОДГОТОВКИ НА НОВИТЕ ПРОСТОРИИ ЗА ВАДЕЊЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ БЕЗ ЗАКАЖУВАЊЕ

0
462

Министерството за внатрешни работи ќе отвори нов пункт за вадење на лични документи, без претходно најавување.

24инфо.мк доби увид во последните подготовки на просториите кои ќе бидат стационирани во Кисела Вода, каде ќе бидат сместени новите кабини за фотографирање.

Таму во моментот се поставуваат компјутери, терминали и камери, а по поствувањето на параваните, за неколку денови од сега, овој простор ќе добие 12 пунктови каде граѓаните ќе можат да се фотографираат за нови лични документи.

Во пунктовите е предвидено фотографирање на сите кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или пасош или пак, закажаниот термин им е по 12 февруари наредната година.

Работното време ќе биде од 8 до 18 часот.

На овој начин, од Министерството очекуваат да се забрза процесот на вадење нови лични документи со уставното име, и истовремено да се растоварат постоечките пунктови и кабини низ Скопје.

Согласно законските одредби, до 12 февруари 2024 година, сите лични документи мора да се променат и на нив да стои новото уставно име на државата.