ПЕТАР БОГОЈЕСКИ: МИЦКОСКИ МОРА ДА ГО СЛЕДИ КЛИСАРЧЕТО АПАСИЕВ ЗА СПАС ОД ЗАТВОР НА ОРЦЕ КАМЧЕВ

0
1340

Во гостувањето во емисијата “Во центар” кај Васко Ефтов, лидерот на “Македонски концепт” и државен секретар во Министерството за одбрана, Петар Богојески ја критикуваше слабата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ кај народот поради Мицкоски и неговиот тим на чело на партијата. Според негова проценка, Мицкоски прави кардинални грешки со тоа што се спротивставува на високата политика на САД и ЕУ за евроинтеграциските процеси на Македонија и поради тоа нема на што да се надева за да биде сериозна алтернатива на лошите политики на премиерот Заев.

Притоа наведе дека Апасиев како поранешен хонорарец на СЈО работел баш на случајот Империја против т.н. бизнисмен Орце Камчев и имал задача да го саботира тој предмет против него. Од друга страна, претседателот на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ е истовремено ангажиран од Камчев за да биде негов адвокат и да го брани со смешни политички аргументи пред камери место со докази и правна аргументација само на суд.

Во емисијата, исто така негираше дека поседува бугарско државјанство иако бугарскиот вицепремиер Каракачанов го посочи во листата на Македонци со бугарски пасоши. Како аргумент во своја полза го наведе фактот дека додека студирал на постдипломски студии во Софија во периодот 2008-2010 год. редовно добивал бугарски визи како државјанин на Македонија.