ПОРАДИ ТЕШКИ И СКАНДАЛОЗНИ ПРОПУСТИ ОКОЛУ СЛУЧАЈОТ СО ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА СУСПЕНДИРАНА Е ВИЛМА РУСКОВСКА ЗАЕДНО СО УШТЕ ДВЕ ОБВИНИТЕЛКИ, ТРАЈЧЕВА И ЈОСИФОВСКА СО ШТО ПРОТИВ НИВ Е ПОКРЕНАТА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА

0
729

Од Обвинителството информираат дека е покрената дисциплинска постапка за обвинителките Вилма

Шефицата на ОЈО за организиран криминал Вилма Русковска потврди за Либертас дека пред малку добила решение за суспензија од работното место потписано од Републичкиот јавен обвинител.

Републичкиот јавен обвинител. Русковска не сакаше повеќе да коментира освен дека ќе го чека крајниот исход. Очигледна беше нејзината резигнираност од овој потег на нејзиниот шеф, Републичкиот јавен обвинител  Јовевски, но сепак, не сакаше дополнително да коментира .

Суспензијата следи по дисциплинската постапка која ја побарал Јовевски кој доставил предлог и доази до комисијата за несоодветна постапка во случајот со претресот во управата за финансова полиција.

. Обвинителот Јовевски бара одговорност од трите обвинителки Русковска, Јосифовска и Трајчева кои го извршиле претресот во финансовата полиција и за кој директорот Арафат Муареми поднесе кривична пријава за трите обвинителки кои незаконски, тенденциозно, го направиле претресот и го нарушиле угледот на институцијата