ПОРАДИ ВИСОКА СМРТНОСТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА, РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ ШОКАРОВСКИ, ДЕМИРИ БАРА ОДГОВОР КОИ СЕ ЕКСПЕРТИТЕ ОД ДЕДИЊЕ ПЛАЌАНИ ПО 700 ЕВРА ДНЕВНО

0
106

Mинатата недела медиумите објавија дека на Клиниката за кардиохирургија е зголемена смртноста и тоа е констатирано во извештај на стручна комисија.Демири рече дека 170 пациенти не биле внесени во Мој термин и немале отпусно писмо.

…До мене стигнаа наоди дека е зголемена смртноста на Клиниката. Формирав Комисија и извештајот го добив во петокот и немаше никакви значајни отскокнувања. Но, денеска добив друг податок, дека за 170 пациенти не се поднесени информации во „Мој термин“ во однос на отпусни писма и умреници, така што претпоставувам дека таа бројка на смртност може да се промени – рече Демири.Демири тврди и дека треба да се испита какви експерти се носат на клиниката од странство, велејќи:

– Да биде трагедијата уште поголема, ќе споделам друг факт. Во Македонија се доделуваат средства од 2011 година, со програмата за превенција од кардиоваскуларни болести се плаќаат дневници од по 700 евра по експерт. Побарав извештај од вработената Александра Ефтимова која ја води програмата, не добив извештај, па ја разрешив. Не добив одговор кои се тие наводни експерти кои доаѓаат од Дедиње, наводно. Зошто тогаш има таква смртност? Се надевам дека ќе дојдам до тој извештај.