ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО 19 ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД НЕГОТИНО

0
241
Девојка од Неготино на возраст од 19 години е пријавена за исчезната, информираат од СВР Велес.

Како што појаснуваат, нејзината мајка М.Д. (42), вчера во 12 часот во полициската станица пријавила дека ќерка и со иницијали А. М. (19) се оддалечила од домот.

Со себе не носела мобилен телефон.Од СВР Велес велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, а службениците ја започнале потрагата веднаш по пријавата.Фотографија од девојката не е достапна за јавноста.