ПОЖАРОТ ОД БОГДАНЦИ ЌЕ СЕ ГАСНЕ КОГА ЌЕ СЕ РАЗДЕНИ СО ПОЖАРНИКАРИ НА ЧЕТИРИ ГРАДОВИ

0
597

Утре, рано наутро, околу 06 часот продолжува гаснењето на пожарот кај Богданци.

“На помош се повикани пожарникари со теренски возила од Штип и Кавадарци. Потоа ќе се процена потребата од воздухоплови. Состојбата не е алармантна, ниту едно населено место не е загрозено, гори нискостеблеста деградирана шума, грмушки и трева”, велат од ЦУК.

Покрај пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, како и тимови на ДЗС и Национални шуми од Валандово и Гевгелија, на располагање за утре имаме три Ер Трактори на ДЗС, два хеликоптери на МВР и еден на Армијата.

Постои можност пожарот да се локализира во утринските часови без употреба на летала.