ПЕТРОВСКА : ФИРМА СО РУСКИ КАПИТАЛ СЕ ОБИДЕЛА ДА ВЛЕЗЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА ПРЕКУ УЧЕСТВО НА ТЕНДЕР КОЈ БИЛ ПОВРЗАН СО ЧУВСТВИТЕЛНА ОПРЕМА …

0
145

Фирма со руски капитал се обидела да влезе во Министерството за одбрана преку учество на тендер кој бил поврзан со чувствителна опрема.Според информациите од Министерството, станува збор за фирма која е регистрирана во земја-членка на ЕУ. Таа била една од трите фирми што се пријавиле на тендерот.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека разузнавачките служби во земјава откриле дека е во прашање фирма со руски капитал уште пред постапката за јавна набавка да дојде до фаза кога се прави безбедносна проверка на учесниците на тендерот.„Индикативно беше затоа што во првата фаза понудата од оваа фирма беше скоро иста како и на другите две фирми, но во втората фаза, со цел да биде избрана, цената беше спуштена за скоро 50 отсто“, посочи Петровска на прашањето на РСЕ.

Руско влијание во регионот има, но нема капацитет за дестабилизација

Повеќе информации за овој случај од Одбрана не откриваат. Со оглед дека во прашање е заштита и на Министерството за одбрана и на државата, за обидот на руската фирма биле информирани и други надлежни институции и во моментов се води предистрага.Северна Македонија е земја-членка на НАТО и годинава на 27 март ќе одбележи четири години од нејзиното пристапување во Алијансата.