ПЕТРОВСКА ВО ,,МРЕЖА” : САША БОГДАНОВИЌ НА КРАЈОТ ОД МАНДАТОТ ИЗДАВА ШТЕТНА МАРКИЦА ЗА ГРАДБА НА ПЛАЦ НА ВОДНО СРЕДЕ ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ, ПОТОА ТАА МАРКИЦА ЈА ПОНИШТУВА СЕГАШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЦЕНТАР ГОРАН ГЕРАСИМОВСКИ

0
462
  • Одобрение за градба согласно закон не може да се добие доколку парцелата нема пристапен пат. Фирма која се вика ,,Маркеза ДООЕЛ” купува плац без пристапен пат каде единствен пат до тој плац е патека до која има потпорен sид и таа патека поминува покрај резиденцијата на премиерот и претседателот а патеката е премногу тесна за таму да помине градежна механизација додека другиот пат е преку шумата на Водно кој е заштитено подрачје и преку која шума не смее да се помине со механизација или со било какво моторно возило односно дозволено е да се поминува само пеш.Поранешниот градоначалник на Општина Центар на самиот крај од неговиот мандат откако веќе е свесен дека втор мандат нема да добие издава за одобрение на градба на таа парцела. Маркицата која ја издава Саша Богдановиќ ја поништува сегашниот градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Александра Петровска во ,,Мрежа”.