ПЕТКОВСКИ : ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА, СТЕФКОВСКИ Е ШАМПИОН ВО ЛАЖНИ ВЕТУВАЊА

0
161

Пресконференција на Петар Петковски, потпретседател на социјалдемократска младина на Македонија.                                                        

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Доколку би постоел натпревар за тоа „кој ќе биде погласен во давањето што поголеми ветувања“ Градоначалникот Бобан Стефковски сигурно би бил прв.

Се сеќавате, ветуваше дека младите од Гази Баба нема да треба да одат во други општини или во центарот на градот за да можат да спортуваат, да гледаат филм или да пристуствуваат на театарска претстава?

Не треба да ви кажувам дека нема ништо од почнувањето на реконструкцијата на културниот дом во Ченто, можете со свои очи да видите позади мене. Со ист статус е и културниот дом во Маџари.

Младите од Автокоманда не можат да го видат ветениот балон со трибина во Основното Училиште Стив Наумов, ниту ветениот спортско рекреативен центар.

Ги нема ниту ветените спортско рекреативни центри во Црешево и Кирил Петрушевски.

Ветувањето за нови велосипедски патеки, фитнес зони во секое населено место, трговски комплекс во Триангла, затворен базен, 4 нови градинки5 инклузивни игралишта како и многу други ветувања останаа само празно слово на хартија.

Згора на сите не реализирани ветувања, на не формираниот младински совет, градоначалникот за 2024 година ги намали средствата во буџетот предвидени за млади на само 600.000 денари.

Оној, во кампањата енергичен Бобан Стефковски, кој ветуваше и брда и долини, замолкна. Сега ја гледаме неговата вистинска слика.

Младите од Гази Баба добија нефункционален и нерационален Градоначалник!