Петар Колев, претседател на ГДУ: Честит Св. Кирил и Методиј, честит Рамазан Бајрам!

0
803

Дозволете ми, од мое лично име и од името на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, да упатам искрени честитки по повод двата големи празници во нашата земја, Св.Кирил и Методиј и Рамазан Бајрам.

Селовенските просветители и учители, браќата Кирил и Методиј, со нивното дело дадоа огромен  придонес во поставувањето на темелите на писменоста на словенските народи вклучително и на македонскиот. Нивната просветителска мисија е заслужна и остави траен белег во историјата и културата. Писменоста и духовноста е едно од основните обележја на еден народ. Правото на образование и писменост е право на апсолутно секој граѓанин во нашата земја, кое никогаш не смее да биде одземено на никој, без разлика на полот, верата или етничката определба.

Различноста е специфична за нашата Македонија која ја прави поубава и побогата. На овој убав ден во нашата земја исто така се празнува и друг голем празник, Рамазан Бајрам. На припаниците на исламската веросиповед за празникот Рамазан Бајрам им посакувам добро здравје, љубов и спокојство. Во нивните семејства нека царува хармонијата и благосостојбата.

Нека празниците бидат мост со кој ќе не поврзат сите граѓани во Македонија и со заеднички сили секогаш да се бориме со препреките и потешкотиите кои ќе се појават на нашите патишта, а со цел подобра иднина на сите нас и нашите деца.

Честит Св. Кирил и Методиј, честит Рамазан Бајрам! 

Со почит,

Петар Колев, претседател на ГДУ
Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ