Петар Богојески : Сега е последна шанса да се менуваат работите!

0
788

Пренеси добар збор за 🔟✔️

Почитувани пријатели и познаници, да не бидам погрешно разбран… дека инсистирам, наметнувам… само сакам да Ве информирам дека на овие избори јас и моите пријатели сме кандидати за пратеници под реден бр.10 на гласачкото ливче!

Ако не сте заинтересирани за политика и ништо не Ви значат изборите, да знаете дека на мене ми значат и ја очекувам Ваша поддршка!
Поддршка за да направиме систем кој ќе донесе спокој следните 4 години, а не да ќариме нешто за избори, а после пак да трпиме уште 4 години!
Сега е последна шанса да се менуваат работите!!!

Ако имате намера да гласате за друга опција, не ја земајте во предвид оваа порака и воопшто не барам да го промените Вашиот став!
Ако му верувате на Заев дека ќе донесе правда во земјава или на Мицкоски дека ќе го врати старото име, знаме и сл. Ве молам да си гласате за нив… на нас ни се потребни гласови на освестени граѓани со интегритет, кои ја разбраа играта помеѓу СДСМ1 и СДСМ2 (ДПМНЕ) за нивно меѓусебно пазарење на сметка на правдата!
Не гласајте за Заев, затоа што нема да расчисти со Груевски!
Не гласајте за Мицкоски, затоа што нема да расчисти со Заев!

Половина од нивните кандидати се под кривичен прогон… тие на овие избори се борат за сопствената слобода и кариера, а не за доброто на граѓаните!
Не гласајте за пајтон партиите, некакви левици или десници, тие работат за Заев или Мицкоски!
Ова не е борба помеѓу левото и десното, туку помеѓу новото и старото, помеѓу доброто и лошото!
Само бр.10 е гаранција дека оваа власт ќе ја казниме, а нема да дозволиме Обнова на бандитизмот од минатото!

Знам дека имате намера да не излегувате на гласање, а огромен број од членовите на ВМРО ДПМНЕ да го пречкртате гласачкото ливче, за што целосно Ве разбирам, но да знаете дека така оставате на Ваше место друг да донесе погрешна одлука! Така нема да ги казните криминалците, зашто тие повторно ќе си изберат 120 пратеници и ќе создадат криминална Влада!
Најдобро е ние сами за себе да одлучиме! Да излеземе и масовно да гласаме за бр.10, да ја преземеме контролата во наши раце!

Ако не гласаме различно, ќе си остане се по старо и ништо нема да се смени следните години! Само граѓанска контрола во Парламент може да ги менува работите! Тоа е најважно!

Ве повикувам да изброите до 10, пред да донесете конечна одлука!
Благодарам многу, да сте здрави и живи!

*доколку сте во можност, преку смс, социјални мрежи или дирекни контакти, пренесете ја оваа порака до сите Ваши роднини, пријатели, комшии, колеги, познаници… бидете и Вие дел од конечната победа на граѓаните врз политичарите, победа на бр.10!

🔟🖊
#ПоследнаШанса
#МакедонскиКонцепт